Нова спортска приказна на Истокот: Македонска Каменица доби ракометен клуб

104

Македонска Каменица, Општина позната по фудбалот и кошарката, испишува нова спортска страница, откако во овој дел од Источна Македонија е формиран првиот ракометен клуб – РК Сокол Саса.

Создавањето на ракометен клуб во Македонска Каменица претставува важен чекор за развојот на спортот во градот, бидејќи најмладите ќе добијат уште една можност за спортски избор, но и простор каде ќе можат да ги развиваат своите таленти, да создаваат нови пријателства и да ги негуваат вистинските спортски вредности.

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, преку социјалните мрежи истакна дека новиот спортски колектив е голема можност за развој на младите и збогатување на спортскиот живот во градот.

,,Со големо задоволство ја споделувам убавата вест дека Македонска Каменица го доби својот прв ракометен клуб – РК Сокол Саса. Формирањето на нов спортски колектив е повеќе од основање на клуб. Тоа е нова можност за нашите деца и млади, нов простор за дружење, развој и спортски успеси, но и уште еден важен чекор во збогатувањето на спортскиот живот во Македонска Каменица. Нашата општина отсекогаш била препознатлива по спортскиот дух, по традицијата и по луѓето кои со ентузијазам создаваат нови вредности. Верувам дека РК Сокол Саса ќе стане место каде ќе растат нови генерации спортисти, ќе се градат пријателства и ќе се негуваат вистинските спортски и човечки вредности. На основачите им честитам за храброста, визијата и вложениот труд, а на новиот клуб му посакувам многу успеси, исполнети трибини и бројни поводи за радост и гордост на Македонска Каменица”,  напиша Стаменкова.
Во штотуку изминатата сезона, љубителите на спортот во Македонска Каменица имаа причина за славје, бидејќи ЖКК Баскет Кам, пред својата публика, го освои Куп трофејот, 4-ти во својата клупска историја.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT