🎥🔴Квалификации за ЕП: Грција – Македонија (ВО ЖИВО)

172

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2028.

Втор ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Грција, која во првото коло беше убедливо поразена од Шведска со 33:24.

По убедливата домашна победа над Луксембург од 41:23, македонските ракометари ќе бркаат нов триумф, со кој би направиле уште еден важен чекор кон пласман на следниот континентален собир.

Дуелот во салата „Тасос Камбурис“ во Халкида започнува во 16:00 часот, а натпреварот ќе може да го проследите преку ЕХФ ТВ платформата, односно на овој ЛИНК.

На платформата потребна ви е регистрација и претплата за следење на натпреварот.

За оние кои нема да можат да го следат натпреварот преку ЕХФ ТВ, директен пренос ќе има и на каналот Arena M3 Premium.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе