Младост воведе практика што ретко се гледа во македонскиот ракомет

438

Во македонскиот клупски ракомет не е вообичаена практика, освен на одредени дерби натпревари, директните преноси да бидат проследени со коментатор.

Сепак, Младост од Богданци ја негува оваа практика уште од минатата сезона, кога настапуваше во Првата лига, а продолжува да ја применува и во Супер лигата.

Клубот од Богданци на поголемиот дел од домашните натпревари им овозможува на македонските ракометни љубители да го следат преносот со коментар на колегата Александар Ванев од „Спортска Мрежа“.

Оваа практика продолжува и претстојниот викенд, кога Младост на домашен терен ќе го пречека Бутел Скопје во натпревар од 12. коло од суперлигашката конкуренција.

За двете екипи, кои имаат по пет бода, неделниот дуел е од голема важност во борбата за опстанок.

Натпреварот меѓу Младост и скопскиот тим е закажан за 29 ноември, со почеток во 17:30 часот, во спортската сала „Млаз“ во Богданци.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе