Кадетите сите три меча од групната фаза на ЕП ќе ги одиграат во 12:00 часот!

197

Во периодот од 29 јули до 9 август во Белград ќе се одржи Европското првенство во кадетска конкуренција, а меѓу 24-те најдобри селекции е и репрезентацијата на Македонија.

Нашите кадети се најдоа во тешка група, каде што ќе се соочат со селекциите на Словенија, Франција и Шведска. Македонија е дел од групата А, а пласман во главната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации, додека третопласираната и четвртопласираната селекција ќе разигруваат за пласман.

Македонија сите три натпревари од групната фаза ќе ги одигра во истиот термин – 12:00 часот. Првите два дуела, против Словенија и Франција, ќе се играат во Спортскиот центар „Вождовац“, додека последниот натпревар од групната фаза, оној против Шведска, е закажан во Спортскиот центар „Шумице“.

Распоред на натпревари, групна фаза:
29.07, 12:00 часот: Словенија – Македонија
30.07, 12:00 часот: Франција – Македонија
01.08, 12:00 часот: Македонија – Шведска

Кадетската репрезентација подготовките во Австрија, како и двата контролни натпревари против Грција, ги одработи без Ѓорѓи Николовски, Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, кои во моментов се дел од младинската репрезентација. Тројцата ракометари наскоро ќе му се приклучат на тимот предводен од селекторот Горан Кузманоски, кој во наредните денови ќе го одреди конечниот список на репрезентативци за настап на кадетскиот континентален собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT