Дејан Манасков ја напушти Битола

73

Искусното лево крило Дејан Манасков, кој во изминатата сезона го постигна најубавиот гол во Лигата на шампионите, повеќе не е член на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

Битолчани денеска, предводени од новиот тренер Лино Червар, ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона, а од клубот ги објавија сите ракометари кои си заминаа од „градот на конзулите“.

Велешанецот во тимот на битолчани пристигна во јануари, 2024 година, и беше еден од најважните играчи во освојувањето на титулите во сезона 2023/24 и 2024/25.

Освен Манасков, си заминаа и Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и младиот Алем Хаџиќ.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT