Еден од тимовите кои и во новата сезона ќе се борат за опстанок во Супер лигата, тимот на Куманово, донесе ново засилување од странство.
Станува збор за Бразилецот Густаво Фереира Паива (пикер), кој на дел од домашните ракометни љубители им е познат по настапите за Радовиш во вториот дел од сезона 2024/25. Кружниот напаѓач веќе пристигна во Куманово, одработи неколку тренинзи со екипата и се очекува овој викенд да го има кам-бекот во домашната елита.
Густаво Фереира Паива е второто засилување за Куманово во овој дел од сезоната, по пристигнувањето на Бугаринот Валентин Митев. Сега во Куманово има пет странци, од кои тројца се од Египет. На почетокот од сезоната во тимот пристигнаа и Омар Мамду Радван Солиман и Мохамед Карим Али Закарија, додека од минатата сезона остана Хамза Мамду Ибрахим.
По осум одиграни кола, Куманово има освоено три бода. Викендов, на 31 октомври, избраниците на Саша Радосављевиќ ќе се соочат со Охрид.