Утре е последниот ден од Европското кадетско првенство во Србија, на кое нашата репрезентација обезбеди пласман во ТОП 10.
Избраниците на Горан Кузманоски на последниот ден од кадетскиот континентален собир ќе се борат за 9. место, а последен ривал ќе биде Израел.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел започнува од 14:30 часот, а ќе може да го проследите ОВДЕ, како и на ТВ Арена М2 Премиум.
Македонија, иако ги загуби сите три дуели од групната фаза, сепак, фати ритам во вториот дел од ЕП. Нашите кадети ги совладаа Турција, Италија и Фарски Острови, а вчера, со голот на Трајче Костов во самиот финиш, остварија победа и над Португалија.