Една од голманките со долгогодишен стаж во македонскиот женски ракомет – Кристина Младеновска Кузмановска е пред одлука дали да продолжи со активното играње ракомет.
Искусната голманка минатата сезона ја мина во редовите на Астибо, каде имаше одлични настапи и во повеќе наврати беше меѓу најдобрите поединки на штипскиот состав.
Сепак, по одлуката на Астибо да се повлече од суперлигашката конкуренција, голманката реши да го напушти клубот и во моментов е без клупски ангажман, а нејзиното искуство сигурно би било добредојдено во повеќе суперлигашки екипи.
Засега останува отворено прашањето каде ќе продолжи Младеновска Кузмановска, но нејзината следна одлука ќе го даде одговорот и на тоа дали повторно ќе застане меѓу стативите.