Прволигашот Овче Поле денеска го објави новото засилување за новата сезона, во која ќе атакува на подобар резултат од минатата.
Ново засилување во клубот од Свети Николе е голманот Никола Кизиќ, кој во својата кариера има настапувано за Вардар Јуниор, Пролет, Драчево, Аеродром и Јехона, а има и интернационално искуство од настапите во Косово.
Кизиќ со своето искуство и квалитет ќе биде дополнителна опција на голманската позиција и се очекува да му помогне на Овче Поле во остварувањето на зацртаните цели во новата сезона.
Во Овче Поле ќе игра и еден од најдобрите стрелци од изминатите сезони во Првата лига – Филип Петровски.