Кукуловски со одличен старт за некогашниот европски шампион

1

Ресенчанецот Дејан Кукуловски, кој минатата сезона со Охрид го освои ЕХФ Европскиот Куп, имаше одличен старт во дресот на некогашниот европски шампион, тимот на Металопластика Шабац.

Во рамките на 1. коло од српскиот шампионат, тимот на Кукуловски гостуваше кај Југовиќ и успеа да си замине со победа.

Металопластика триумфираше со 25:24, а Кукуловски натпреварот го заврши како најефикасен во победничката екипа, постигнувајќи пет погодоци од шест обиди.

Македонецот запиша и три асистенции, а имаше солидна партија и во дефанзивата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе