Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш беше комплетирано првото коло во кадетската машка ракометна лига, во која бранител на титулата е тимот на Пролет.
Во групата А, до победи дојдоа Прилеп, Еурофарм Пелистер 2, Струга и Еурофарм Пелистер, кој формално беше домаќин во „Јасмин“ во Кавадарци и си замина со победа, откако триумфираше над Тиквеш со 28:19.
Првото коло, од голгетерски аспект, го одбележа членот на Преспа, Виктор Ѓорѓиевски, кој постигна дури 18 погодоци на дуелот со Прилеп. Сепак, неговата одлична партија не беше доволна за екипата од Ресен да освои барем еден бод.
Во продолжение, комплетните резултати..
Кадетска лига, сезона 2026/27 – 1. коло
Резултати:
Група А
Преспа – Прилеп 25:35 (13:15)
Виктор Ѓорѓиевски 18/Бојан Наскоски 10, Марко Ивчев 7
Пролет – Еурофарм Пелистер 2 27:28 (11:11)
Филип Коцев 12/Новак Вељановски 9
Алкалоид – Струга 34:40 (19:14)
Мартин Грашески 7/Горазд Ојлески 10, Матеј Ковачески 10
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 28:19 (19:12)
Дамјан Ристевски 5, Андреј Китески 5/Марио Ѓорѓиев 11
Група Б
Младост Богданци – Текстилец 42:22 (24:5)
Стојан Иванџиков 12, Антонио Каракабаков 11/Давид Ангелов 7
Мулти Есенс – Вардар 40:25 (12:12)
Петар Митев 9, Горјан Петрушевски 8/Никола Никчевиќ 12
Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии 34:31 (15:15)
Владимир Иванов 14/Андреј Јакимовски 7, Даријан Бобевски 7
Екипата на Куманово беше слободна во првото коло.
Виктор Ѓорѓиевски даде 18 гола, но Прилеп си замина победнички од Ресен