Шампионот Мулти Есенс со победа ја започна одбраната на титулата, Вардар го доби дербито со Алкалоид

12

Денес стартуваше новата сезона во младинската ракометна лига во машка конкуренција, во која учествуваат осум екипи. На победа во 1. коло се израдуваа Охрид, Бутел, Вардар и актуелниот бранител на титулата, тимот на Мулти Есенс.

На четири натпревари, колку што ќе бидат одиграни секое коло, беа постигнато вкупно 254 погодоци, а најнеизвесно беше на дуелот меѓу Илинден и Охрид.  

Неизвесност имаше и во Автокоманда, каде што Вардар успеа да слави над Алкалоид со 34:30, благодарение на одличната игра во последните дваесеттина минути од натпреварот, кога го презеде водството и започна да го диктира темпото.

Одлична партија во редовите на „црвено-црните“ имаше Тео Радуловиќ со осум погодоци, седум постигна Борјан Вељановски, а по шест додадоа Давор Мечкароски и Марин Деспотовски. Кај домаќините најефикасен беше Михаил Арсиќ со девет голови.

Бутел Скопје дојде до убедлив триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 41:34, предводен од одличните кадетски репрезентативци Трајче Костов и Ѓорѓи Лешниковски, кои постигнаа по осум погодоци. Кај помладиот тим од Битола, кадетскиот репрезентативец Јован Симоновски беше прво име со осум реализации.

Бранителот на трофејот, тимот на Мулти Есенс, оствари убедлив триумф над Еурофарм Пелистер со 38:24. Победничкиот состав до победата го предводеа расположените Ангел Кленковски, Матео Костоски и Јаков Трајковски.

Во продолжение, комплетните резултати од денешните натпревари и најдобри стрелци

Младинска лига, сезона 2026/27 – 1. коло
Резултати:
Илинден – Охрид 26:27 (13:14)
Милан Стојевски 9/Илија Трајчевски 10
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 38:24 (17:10)
Ангел Кленковски 10, Матео Костоски 8, Јаков Трајковски 6/Матеј Мачковски 5
Бутел – Еурофарм Пелистер 2 41:34 (19:14)
Трајче Костов 8, Ѓорѓи Лешниковски 8/Јован Симоновски 8
Алкалоид – Вардар 30:34 (14:12)
Михаил Арсиќ 9/Тео Радуловиќ 8

 

Младинците оваа сезона ќе имаат јасен распоред до самиот крај. Осумте екипи ќе играат по двокружен бод систем. Вкупно ќе има 28 кола, а по последното коло ќе биде познат и шампионот. Тоа е промена во однос на минатата сезона, кога по регуларниот дел следуваше плеј-оф и плеј-аут.

 

🎥Матеј Крстески херој на Охрид против Илинден (ВИДЕО)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе