Виктор Ѓорѓиевски даде 18 гола, но Прилеп си замина победнички од Ресен

2

Со натпреварот меѓу Преспа и Прилеп беше комплетирана денешната програма кај кадетите во 1. коло од Групата А. Гостите од Прилеп си заминаа со победа, откако со подобрата игра во завршниот дел стигнаа до триумф од 35:25.

Прилеп имаше одличен старт и по 15-ина минути игра водеше со 9:2. Сепак, домаќините успеаја да се вратат во игра и до 40. минута одржуваа приклучок, па во еден момент резултатот беше и нерешен (18:18).

Во последниот период, гостите заиграа поангажирано и постепено ја зголемуваа предноста, за на крајот да слават со убедливи десет гола разлика.

Кај Преспа особено расположен за игра беше Виктор Ѓорѓиевски, кој постигна дури 18 погодоци, од кои два беа од пенал. Во редовите на Прилеп, еден од најдобрите стрелци од минатата сезона кај кадетите, десниот бек Бојан Наскоски, натпреварот го заврши со 10 гола.

Во продолжение, комплетниот распоред за 1. коло кај кадетите, резултати од денешните натпревари и најдобри стрелци

Кадетска лига, сезона 2026/27 – 1. коло
Резултати и распоред:
Група А
Преспа – Прилеп 35:25 (13:15)
Виктор Ѓорѓиевски 18/Бојан Наскоски 10
20/09, 12:00 часот – Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20/09, 17:00 часот – Алкалоид – Струга
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш е одложен

Група Б
Младост Богданци – Текстилец 42:22 (24:5)
Стојан Иванџиков 12, Антонио Каракабаков 11/Давид Ангелов 7
Мулти Есенс – Вардар 40:25 (12:12)
Петар Митев 9, Горјан Петрушевски 8/Никола Никчевиќ 12
20/09, 13:00 часот – Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии
Екипата на Куманово е слободна во првото коло.

 

Стартуваше кадетската лига: Младост со „плус 20“, Мулти Есенс со фуриозен втор дел до победа над Вардар

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе