ДРАМА ВО БИТОЛА: Вардар го преживеа големиот камбек на домаќинот

153

Во драма-трилер во 3. коло од младинската лига, тимот на Вардар славеше на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 со 38:36. Битолчани имаа шанса во самиот финиш да стигнат до бод, но Вардар ја задржа предноста, а победата ја запечати Бобан Поповски со последниот гол на натпреварот.

Иако „црвено-црните“ имаа предност од седум гола (37:30) на нешто повеќе од десет минути пред крајот, Еурофарм Пелистер 2 не се предаде. Домаќините направија голем камбек и на 12 секунди до крајот стигнаа до 36:37 со голот на Андреј Дамчевски. Останаа уште неколку секунди, во кои Вардар најпрво промаши, односно домашниот голман одбрани, но одбиената топка заврши во рацете на Бобан Поповски, кој го постигна последниот гол на натпреварот и два бода за „црвено-црните“.

Еурофарм Пелистер 2 поведе со 1:0, но Вардар брзо го презеде водството и постепено ја зголемуваше предноста. Гостите на полувреме заминаа со убедливи 23:16, а во вториот дел во еден момент имаа и плус девет 37:28. Сепак, домаќините не се предадоа и со серија голови се вратија во игра, но за разлика од претходниот меч во Охрид, каде што со кам-бек ги освоија бодовите, сега немаа среќа во финишот.

Одлична партија кај Вардар одигра Давор Крстески со девет погодоци, шест имаше Давор Мечкароски, додека по пет запишаа Бобан Поповски и Марко Ѓорчески.

Кај Еурофарм Пелистер 2, Горазд Мијалчев имаше девет реализации, осум додаде Стефан Василевски, седум постигна Андреј Дамчевски, а шест Јован Симоновски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе