Гевгелија Југ е есенски вицешампион во Првата лига

2

Дебитантот во Првата ракометна лига, Гевгелија Југ, со победа го затвори есенскиот дел од сезоната, кој го завршува на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Овче Поле Славјански Универзитет.

Во дуелот на двата дебитанти за оваа сезона, Гевгелија Југ и Струга, домаќинките славеа со 38:31 (19:11). Во натпреварот, одигран во спортската сала „26 Април“, домашниот состав успеа да ги освои планираните бодови и  да го заокружи првиот дел од сезоната на најдобар начин.

Во победничкиот тим најефикасна беше Нина Попова со 12 погодоци, Елена Димова постигна десет, додека Нина Милевска имаше осум реализации.

Кај гостинскиот состав најрасположена беше Емилија Атанаскоска, која натпреварот го заврши со десет погодоци.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе