За малку ќе паднеше „стотка“ на прволигашки дуел

240

Во натпревар со исклучително ефикасна игра и дури 98 постигнати гола, Пролет славеше на домашен терен против еден од дебитантите во прволигашката конкуренција, Сокол Сала, со убедливи 54:44 во дуел од 10. коло.

Двете екипи одиграа натпревар со многу голови, во кој нападите беа во преден план, а Пролет беше поефикасен и во двата дела од играта, па на крајот стигна до седма сезонска победа, со која останува во ТОП 3 екипи кај прволигашите.

За победничкиот тим, прилепчанецот Јован Соколоски беше најрасположен со 16 погодоци, Стефан Костенчев постигна 11, додека Алек Крстев додаде десет.

Кај гостите од Македонска Каменица, Мирче Ѓеоргиев и Илчо Ѓеорѓиевски беа најефикасни со по 13 погодоци.

Сокол Саса и понатаму останува без освоен бод во прволигашката конкуренција, а во следното, 11. коло, на домашен терен ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе