Пристигна нов странец во Супер лигата

249

Во нашата Супер ракометна лига заигра уште еден странски ракометар. Станува збор за бугарскиот репрезентативец Валентин Митев, кој вчера го имаше своето деби во македонскиот шампионат во дресот на Куманово.

Митев (26) настапува на позицијата десен бек и со неговото ангажирање, тренерот Александар Радосављевиќ ќе добие дополнителна опција на бековската линија и поголема ротација за продолжението од тековната сезона.

Бугарскиот интернационалец последно го носеше дресот на Берхем од Луксембург, со кој настапуваше и во ЕХФ Европскиот Куп. Претходно настапуваше и за Каерјенг, исто така клуб од Луксембург, како и за Ница од Франција и белгискиот Унион Беноа.

Куманово во натпревар од 7. коло славеше над Младост со 25:24. Тимот на Радосављевиќ ја забележа првата сезонска победа, а Митев се покажа во солидно издание, главно добиваше задачи во дефанзивата. 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе