По 7 одиграни кола кај кадетите, Виктор Ѓорѓиевски е УБЕДЛИВО најдобар стрелец

112

По седум одиграни кола во кадетската машка лига, тимот на Преспа го има најдобриот стрелец. Станува збор за Виктор Ѓорѓиевски, кој засега убедливо се наоѓа на првото место на листата на стрелци во оваа конкуренција.

Членот на Преспа на седум одиграни натпревари постигна 90 погодоци и уште од самиот старт успеа да се одвои на врвот на стрелците. Доколку продолжи во ист ритам и во остатокот од сезоната, тогаш најверојатно Ресен и Преспа ќе го имаат најдобриот стрелец кај кадетите.

Во досегашниот дел, Ѓорѓиевски најмногу погодоци постигна против екипите на Прилеп и Пролет. На дуелот од првото коло против прилепчани реализираше 18 пати, а во четвртото коло, против Пролет, постигна 16 гола.

Зад Ѓорѓиевски, на второто место се наоѓа Филип Коцев од Пролет со 64 погодоци. Потоа следуваат Стојан Иванџиков (Младост) и Горазд Ојлески (Струга) со по 62, Никола Никчевиќ (Вардар) со 58, Михаел Милановски (Куманово) со 57, Новак Вељановски (Еурофарм Пелистер 2) со 52, додека Антонио Каракабаков (Младост) и Владимир Иванов (Македонија ЃП) се последните ракометари на листата со најмалку 50 постигнати погодоци, во нивниот случај тоа е 51 гол.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе