Познато е кој ќе ја дели правдата на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

2

Во рамките на 9. коло од Супер лигата ќе се сретнат двата најголеми ривали во македонскиот ракомет, актуелниот шампион Вардар и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Дербито, кое ќе се следи со голем интерес и надвор од Македонија, ќе се игра в недела (1 ноември) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје (17:45 часот), а познато е и кој ќе ја дели правдата.

Тоа се судиите од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Лери Мирчески.

По осум одиграни кола, вардарци се први на табелата со „осум од осум“, додека пелистерци се на втората позиција со еден бод помалку од „црвено-црните“.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе