Уште еден пех за Македонија – Гакидова нема да настапи на ЕП!

150

Женската репрезентација на Македонија на Европското првенство 2024 ќе биде осетно ослабена, бидејќи континенталниот собир, по Борјана Коцева, ќе го пропушти кружниот напаѓач Ивана Гакидова. Искусната ракометарка има повреда на дланката и нема да биде во можност да игра на Европското првенство.

Селекторот Кристијан Грчевски на позицијата кружен напаѓач ги има на располагање Ивана Џатевска и Катерина Дамјановски, а во наредниот период ќе се знае дали дополнително ќе повика нова ракометарка.

Македонија за ривали во групната фаза на Европското првенство ги има репрезентациите на Унгарија, Шведска и Турција. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе