Деспина доби квалитетно засилување од странство

172

Екипата на Деспина за продолжението од натпреварувачката сезона доби квалитетно засилување во своите редови.

Станува збор за српската ракометарка Ана Марковиќ, која би требало да биде од голема помош за прилепчанки во обидот да обезбедат опстанок во најквалитетното домашно ракометно натпреварување.

Марковиќ настапува на позицијата лев бек, но може да одговори и на задачите на среден бек. Во досегашната кариера има собрано и меѓународно искуство, со настапи во европските натпреварувања во дресовите на Бор и Јагодина.

Таа потекнува од школата на поранешниот српски шампион Зајечар, а на вчерашниот дуел од 2. суперлигашко коло беше дел од составот против Ѓорче Петров и постигна три погодоци.

Левиот бек во Деспина пристигнува со задача да ја засили бековската линија и да му помогне на тимот во продолжението од сезоната, во која прилепскиот состав го очекува борба за опстанок во суперлигашката конкуренција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе