Нема веќе непоразени: Драмата на „Кале“ ја доби Чаир

250

Чаир, кој пред неколку кола славеше над актуелниот шампион МЗТ Скопје, денеска славеше над уште еден кандидат за шампионската титула – тимот на ТФТ, кој до пред денешниот натпревар имаше максимален ефект. Во солидно исполнетата сала „Кале“ навивачите на двата табора  „искинаа живци“, а на победа, по продолжението од пет минути, се радуваа гостите, триумфираа со 94:92.

Иако домаќините одиграа одлично во првите две четвртини, сепак, гостите не се откажуваа и како се доближуваше крајот на натпреварот, така ја топеа предноста на ТФТ. Поранешниот Куп освојувач на Македонија на полувреме имаше предност од 44:31. По завршувањето на третата четвртина, предноста на домашниот тим беше само пет разлика, 57:52. Следуваа пеколни десет минути, во кои секој напад беше важен, а по 40 минути игра беше 92:92. Во продолжението од пет минути подобро се снајдоа гостите кои со денешната победа „ги измешаa картите“ на врвот на табелата.

Прво име во Чаир беше Ролинс со 28 поени, Кирк го следеше со 24, Мофит имаше 21, а Какруки додаде 12 поени. Кај ТФТ најдбар поединец беше Говенс со 31 поен.

На победа во 7. коло од прволигашката конкуренција се радуваа уште Кожув, Шкупи, Работнички, Куманово и тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Вардар е единствениот тим кој во досегашниот тек од сезоната не успеа да се израдува на победа.

Прва лига, 7. коло, резултати:
Гостивар – Кожув  66:68
ТФТ – Чаир 92-94
Пелистер – Шкупи 86-90
Тиквеш Голден Игл – Работнички  81:85
МКК Куманово – Феникс  73:66
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром  79:110

ТАБЕЛА: Чаир 13, ТФТ 13, МЗТ Скопје Аеродром 12, Пелистер 12, Работнички 12, Кожув 11, МКК Куманово 10, Шкупи 10, Гостивар 9, Тиквеш Голден Игл 9, Феникс 2010 8, Вардар 7

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе