Мишовски со 14 одбрани блесна на дебито за новиот клуб во Словенија

99

Македонецот Даниел Мишовски имаше одличен настап за својот нов клуб во Словенија. Голманот, кој мина низ школата на Марибор, од оваа сезона настапува за Драва Птуј.

На првиот натпревар од М20 лигата, новиот клуб на Мишовски за ривал го имаше токму неговиот довчерашен клуб. На крајот, славеа Македонецот и неговите соиграчи со 34:33.

Заслугите за победата секако одат и на сметка на Мишовски, кој натпреварот го заврши со одлични 14 интервенции. Голманот имаше свој удел во триумфот на Драва Птуј, а со секоја одбрана покажуваше дека ќе биде сериозно засилување за тимот.

Интересно е што првиот натпревар во новиот дрес го одигра токму против клубот во кој ги направи првите ракометни чекори, па и покрај одличниот настап, при секоја интервенција не покажуваше радост, како знак на почит кон неговиот екс клуб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе