Шампионот падна во Крива Паланка

210

Екипата на Крива Паланка го задржа максималниот ефект во најквалитетното натпреварување кај дамите, откако славеше над актуелниот шампион Баскет Кам со 70:54. По големата борба во првиот дел, кој заврши со предност од 33:27 за домашниот тим, гостинските од Македонска Каменица останаа без муниција во второто полувреме и дозволија Крива Паланка да ја зголеми разликата за конечни плус 16.

Кај победничката екипа се истакна Дијани Робинсон со 22 поени, шест помалку имаше Михаела Алексовска (17), а Одри  Меклејни додаде уште 16 поени. Во гостинскиот табор прво име беше Димова со 17 поени.

Прва А лига, 5. коло, резултати:
Крива Паланка – Баскет Кам 2011  70:54
Пробаскет – Бадел 1862 45:80
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром   69:51
Пастриот слоб.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе