Тимот на Јехона, во натпревар од 8. коло од прволигашката конкуренција, славеше на домашен терен против Преспа со 38:31 (19:13).
За Јехона ова беше трета сезонска победа, втора во низа, а најзаслужен за триумфот беше искусниот Адис Салиу. Најдобриот прволигашки стрелец од минатата сезона одигра одличен натпревар и постигна дури 15 погодоци.
Во редовите на Преспа, најефикасен беше кружниот напаѓач Томче Трајчевски со осум погодоци, додека Благој Христовски го заврши натпреварот со пет реализации.
Прва машка лига, 9. коло, резултати:
Јехона – Преспа 38:31 (19:13)
Адис Салиу 15/Томче Трајчевски 8
Македонија ЃП – Вардар Неготино 27:28 (15:15)
Бојан Чакалиќ 14/Мартин Димов 10
Драчево Јуниор – Пролет 33:34 (17:19)
Огнен Тасевски 9/Ласко Андоновски 10
Овче Поле – Партизан 31:22 (16:10)
Кирил Буровски 9/Илија Пејковски 6
Илинден – Текстилец 42:29 (21:13)
Иван Најдовски 10, Антонио Наковски 9/Јован Величков 8, Кирил Миленков 7
Аеродром – Сокол Саса 52:32 (27:17)
Михаил Митановски 11, Максимилијан Ѓиноски 9/Илчо Ѓеоргиевски 8
Радовиш – Шампион 37:30 (19:12)
Илија Димов 15, Филип Костадинов 10/Давид Јовчевски 8
ТАБЕЛА
