Тиквеш славеше во Богданци: Ончев и Бен Махфуд искомбинираа 16 гола

121

Еден од кандидатите за пласман во плеј-офот, тимот на Тиквеш, освои два важни бода на гостувањето кај Младост во Богданци и се израдува на петтата сезонска победа.

Кавадарчани триумфираа со 25:18 (10:4) во натпревар од 9. коло, а во победата беа предводени од бековите Тоше Ончев (10 гола ) и Мохамед Азиз Бен Махфуд (шест гола).

Голманот Бојан Солев имаше десет интервенции, а шанса доби и младиот Блашко Бакев, кој успеа да им одбрани две топки на домаќините. Кај Младост, поранешниот член на Тиквеш, Даниел Андоновски, беше најефикасен со седум погодоци.

Со новите два бода, тимот на Тиквеш се зацврсти на петтата позиција на табелата со 11 бода, има три повеќе од Прилеп и четири повеќе од Еурофарм Пелистер 2 и Струга, кои исто така атакуваат на пласман во плеј-офот.

По паузата поради ЕХФ неделата, Тиквеш во 10. коло ќе гостува во Битола кај вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Младост, кој засега е без победа и на свое конто има три бода, во 10. коло ќе игра против Охрид.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе