Екипата на Соколи од Штип продолжува во победнички ритам во второлигашката конкуренција, откако пред својата публика славеше во дербито против Ангели со 72:68. Соколи првата позиција на табелата ја дели со уште две екипи – Црн Дрим и Борец Баскет од Велес, сите три екипи имаат скор (5-1).
Стружани, кои мораа да играат пред празни трибини во спортската сала „Нико Нестор“, беа доминантни против Академија ФМП триумфирајќи со 90:64, додека велешани славеа на гостувањето во Скопје кај вториот тим на Работнички со десет разлика, 75:65.
Кошаркарите на Бутел во дуелот со Мега Баскет дојдоа до трет сезонски триумф, победија, по продолжението од пет минути, со 84:79. Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 72:72.
Втора лига, 6. коло, резултати:
Партизан Водно Санс – Охрид 71:99
Црн Дрим – Академија ФМП 90:64
Бутел – Мега баскет 84:79
Работнички 2018 – Борец баскет 65:75
МЗТ Скопје Уни Банка – Маџари 86:76
Соколи 1933 – Ангели 72:68
ТАБЕЛА: Соколи 11, Борец баскет 11, Црн Дрим 11, Ангели 10, Маџари 9, Мега баскет 9, Охрид 9, Бутел 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Работнички 7, Партизан Водно Санс 7, Академија ФМП 6