Ретко кој од прволигашите може да се пофали со играч кој зад себе има интернационално искуство, а новиот прволигаш Сокол Саса од Македонска Каменица во продолжението од сезоната ќе биде посилен со голман кој настапувал во Словенија.
Станува збор за Даниел Мишовски, кој во клубот од Македонска Каменица пристигна од Драва Птуј, каде што имаше одлични настапи во тамошната М20 лига. Во својата кариера, Мишовски беше дел и од младинските категории на Марибор. Таму имаше можност да се развива низ системот на една од ракометните средини познати по квалитетната работа со млади играчи.
Искуството стекнато во словенечкиот ракомет, во кој големо внимание се посветува на техничката подготвеност, дисциплината и индивидуалниот развој, секако може да биде голем плус за тимот на Сокол Саса во продолжението од прволигашката конкруенција.
Мишовски веќе го имаше своето деби за новиот клуб на вчерашниот дуел против Драчево Јуниор. Дуелот против скопскиот тим за Мишовски беше прв натпревар во неговата кариера на сениорско ниво.