Виктор Ѓорѓиевски даде 18 гола, но бодовите заминаа за Битола

296

Пионерскиот репрезентативец на Македонија, средниот бек Виктор Ѓорѓиевски, повторно имаше одлична партија во кадетскиот шампионат. Во натпревар од 10. коло се сретнаа Преспа и Еурофарм Пелистер, а бодовите ги освоија битолчани, кои триумфираа со 11 гола разлика, 40:29.

Ѓорѓиевски, кој досега има постигнато 129 гола во кадетска конкуренција, на вечерашниот дуел пред домашната публика имаше дури 18 успешни реализации во мрежата на гостите. Талентираниот среден бек на Преспа во просек постигнува повеќе од 12 гола по натпревар и неговиот блесок вечерва не беше доволен за позитивен резултат на неговиот тим.

Домаќините добро се држеа во првиот дел против актуелниот лидер во групата А, па на паузата резултатот беше нерешен, 18:18. Сепак, од 35-та минута гостите од Битола почнаа постепено да ја зголемуваат предноста, за на крај да стигнат до убедлив триумф.

Кај гостинскиот тим се истакнаа Филип Чокузовски со осум, Андреј Китески со седум, како и Дамјан Мартиновски и Илија Трајчевски, кои постигнаа по шест погодоци.

За Еурофарм Пелистер ова беше десетта сезонска победа, па кадетскиот тим на битолскиот вицепрвак има максимален ефект од десет победи на десет натпревари во групата А. Преспа останува на четири освоени бода во досегашниот дел од натпреварувачката сезона.

Кадетска машка лига, 10. коло, резултати и најдобри стрелци од секој тим:

Група А
Прилеп – Алкалоид 29:34 (14:15)
Вања Ѓорѓиоски 10, Бојан Наскоски 9/Мартин Грашески 11
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 25:26 (13:13)
Зоран Булуков 7/Новак Вељановски 10
Струга – Пролет 23:23 (13:8)
Горазд Ојлески 7/Филип Коцев 12 
Преспа – Еурофарм Пелистер 29:40 (18:18)
Виктор Ѓорѓиевски 18/Филип Чокузовски 8

Група Б
Текстилец – Македонија ЃП 17:34 (10:14)
Димитар Алексовски 5/Теодор Гиевски 13
Младост – Куманово 31:27 (17:17)
Стојан Иванџиков 12, Матеј Митев 9/Михаел Милановски 10
Гемиџии – Мулти Есенс 36:44 (22:22)
Андреј Јакимовски 11/Максим Тотиќ 14
Вардар – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе