Сосема очекувано, тимот на Овче Поле Славјански Универзитет пред својата публика дојде до седмата сезонска победа.
Во натпревар од 8. коло од Првата лига во женска конкуренција се сретнаа поранешните суперлигаши, екипите на Овче Поле Славјански Универзитет и Стружанка, а далеку поискусниот домашен тим славеше со убедливи 56:12.
Гостинскиот тим, кој во Свети Николе допатува со само 12 ракометарки, поглемиот дел од нив кадетки, се помири со поразот уште во првиот дел. Домаќинките на паузата имаа убедлива предност од 24:7, додека во вториот дел рутински ја одработија задачата за седма сезонска победа, со која остануваат на првото место на табелата.
Овче Поле Славјански Универзитет сега има 13 бода, втора е Гевгелија Југ со 11, Струга има 10, довчерашниот суперлигаш Астибо е на шест, Стружанка има пет, Шампион е на два, додека Јехона е без бодови.
Прва лига – жени, 8. коло, резултати:
Шампион – Гевгелија Југ 20:34 (8:18)
Ивона Ивановска 6/Драгана Кузманова 5
Струга – Јехона 31:21 (14:10)
Емилија Атанаскоска 6/Алтина Хасани 7, Монера Муслиу 7
Овче Поле СУ – Стружанка 56:12 (24:7)
Анастасија Сентовска 12, Јована Ангеловска 11, Наталија Манева 10/Маја Раткушиноска 7
Астибо – слоб.