СРЦ „Кале“ во центарот на вниманието – гостува поранешниот европски првак

389

Македонската сениорска репрезентација денеска ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2025. Избраниците на Александар Јончевски ќе бидат домаќини на Литванија, репрезентација која на денешниот натпревар е фаворит против „црвено-жолтите“. Македонија во досегашниот тек од квалификациите има половичен учинок, една победа, она против Полска, и еден пораз, од соседот на Литванија, Естонија.

Македонија на овој натпревар ќе биде ослабена, нема да играат Ненад Димитријевиќ, Итан Хап и Ти-Џеј Шортс. Со евентуална победа над Литванија, нашата репрезентација ќе остане во игра за пласман на ЕП. Второто соочување меѓу Македонија и Литванија, во рамки од ноемврискиот ,,прозорец” на ФИБА, ќе биде на 24 ноември Клаипеда, град добро познат на македонската спортска јавност.

*Доколку немате обезбедно билети за денешниот натпревар, тоа може да го направите на следниов ЛИНК.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе