Карбеска и Илиева ќе им судат на најмладите суперлигаши во 3. коло

3

Овој викенд ќе се одиграат речиси сите натпревари од 3. коло од Супер лига, а особено внимание привлекува дуелот во Автокоманда, каде што ќе се сретнат двата најмлади суперлигаши (според возраста на играчите) – Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2.

Скопскиот тим ќе биде домаќин на битолчани, во натпревар кој за двете екипи носи дополнителен мотив. По две одиграни кола, и Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер 2 се без бодови, па во сабота ќе имаат можност да стигнат до првата победа во новата сезона.

Дуелот во Автокоманда ќе биде интересен и поради фактот што на двете страни настапуваат кадетски и младински репрезентативци, од кои дел веќе имаат искуство и на сениорската сцена.

Пресметката меѓу двата најмлади суперлигаши е закажана за в сабота (19 септември), со почеток од 16:30 часот, а правдата на овој натпревар ќе ја делат судиите Силвана Карбеска и Марија Илиева.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе