Сејадин, Стојчевска и Бундоска блеснаа во втората победа на Пелистер во младинската лига

23

Младинскиот тим на ЖРК Пелистер во натпревар од 6. коло од младинскиот шампионат славеше пред својата публика против Овче Поле Славјански Универзитет со 37:28 (22:14) и ја забележа втората сезонска победа, втора над истиот ривал.

На првата меѓусебна пресметка, битолчанки исто така беа убедливи, триумфирајќи со 29:19 на гостувањето во Свети Николе.

Во втората победа на Пелистер блеснаа Еџе Сејадин и Ана Стојчевска, кои постигнаа по десет погодоци, додека Невена Бундоска имаше осум реализации. Во гостинскиот табор најефикасна беше Лана Младеновска со десет погодоци.

Инаку, младинскиот шампионат оваа сезона брои само четири екипи, па конкуренцијата е помала. Покрај Пелистер и Овче Поле Славјански Универзитет, учествуваат уште младинските екипи на Ѓорче Петров и МРК Ѓорче Петров, кои вечерва ќе го комплетираат 6. коло.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе