Младинскиот тим на Вардар, предводен од Давор Крстески, стигна до осмата сезонска победа, со која го зголеми бодовно салдо на 16 бода и се задржа на третата позиција на табелата.
Младите вардарци славеа над Охрид со 39:34, а на натпреварот одигран во спортската сала „Круме Кепески“ во голгетерски ритам беа Давор Крстески (Вардар) и Тане Јанчески (Охрид).
Крстески го заврши натпреварот со 13 погодоци, а во претходното коло, во победата над Еурофарм Пелистер 2, постигна десет. Со денешниот учинок стигна до вкупно 69 погодоци, со што се најде меѓу најдобрите стрелци во досегашниот тек од сезоната.
Тане Јанчески беше најефикасен на средбата со дури 21 гола, кои сепак не беа доволни за неговиот тим да стигне барем до бод.
По израмнетиот воведен дел, остатокот од натпреварот мина во знакот на домаќините, кои стигнаа до втората победа во низа, односно осма.
Во следното, 12. коло, Вардар ќе се соочи со Еурофарм Пелистер, додека Охрид на домашен терен ќе го пречека тимот на Алкалоид.
11. коло ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Бутел и Илинден, кој е закажан за 23 ноември.
Младинска машка лига, 11. коло, резултати и распоред:
Вардар – Охрид 39:34 (18:12)
Давор Крстески 13, Тане Јанчески 21
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 42:31 (24:13)
Јован Симоновски 10, Тео Спировски 7/Дамјан Мартиновски 6, Даниел Христовски 6
Алкалоид – Мулти Есенс 32:43 (17:24)
Кристијан Мирков 8, Иван Великов 7/Горазд Дамчевски 7, Матео Костоски 6
23/11 – 18:00 часот – Бутел – Илинден
ТАБЕЛА
