Тимот на Вардар Неготино останува на врвот во прволигашката конкуренција, откако на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле славеше со 30:26 (16:10) во натпревар од 10. коло.
Неготинци сега имаат 17 бода на своето конто, а иако 10. коло сè уште не е комплетирано, она што е најважно за поранешниот суперлигаш е што и понатаму ја задржува лидерската позиција на табелата.
За Вардар Неготино ова беше осма сезонска победа, а воедно и осми триумф во низа, со што тимот ја продолжи одличната победничка серија.
На денешниот дуел во Свети Николе, во победничкиот состав најефикасен беше Мирослав Митевски со 11 погодоци, додека Мартин Димов постигна осум, а Костадин Петров заврши со шест реализации.
Во редовите на Овче Поле, Филип Петровски беше најрасположен за игра, завршувајќи го натпреварот со осум погодоци.