🎥 Јакимовски е херојот – Колародо го совлада актуелниот шампион

1.668

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со одличните настапи во дресот на Колародо, откако му донесе нова победа во универзитетската НЦАА лига во Соединетите Американски Држави.

Тимот на Јакимовски за ривал го имаше актуелниот шампион, односно еден од фаворитите за освојување на титулата – Јукон и успеа во драматичен натпревар да триумфира со 73:72.  Македонецот на 9,3.секунди до крајот погоди од тешка ситуација и му донесе триумф на својот тим.

Јакимовски за 33 минути поминати на теренот имаше „дабл-дабл“ ефект со 12 поени и 10 скока, а зад своето име запиша и една асистенција.

Претходно Колародо славеше над Харвард со 88:66, a Јакимовски беше прв стрелец, натпреварот го заврши со 20 поени.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе