Битолското чупе со емотивен статус после дебито на ЕП: Не може да се опише чувството кога сонот од детството ќе стане реалност

620

Женската репрезентација на Македонија уште во групната фаза го заврши настапот на Европското првенство 2024, на кое ко-домаќини се Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Турција и Унгарија, а избраничките на Кристијан Грчевски освоија само бод, оној во ремито против Турција.

Една од најзаслужните за освоениот бод, после 16 години на Европските првенства, беше младата Марија Јанкуловска. Битолчанката на ова ЕП беше една од дебитанките во нашата репрезентација и во дебито на едно големо натпреварување се покажа во одлично светло.

Членката на Металург Автокоманда преку социјалните мрежи ги сподели импресиите по дебито на едно големо натпреварување и истакна дека Македонија има светла иднина.

,,Зборовите не можат да го опишат чувството кога сонот од детството ќе ти стане реалност. Горда на целиот ТИМ и неописиво благодарна на БОГА. Верувам дека оваа екипа има светла иднина”, напиша Јанкуловска.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе