Фитиљ е меѓу ТОП стрелците во Лигата на шампионите (ФОТО)

746

По комплетирањето на 10. коло во Лигата на шампионите, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски е меѓу најдобрите стрелци во европската елита. Битолчанецот на десет одиграни натпревари во ЛШ постигна 61 гол од 104 обиди (58.6% реализација).

Кузмановски најмногу беше расположен на средбите со ПСЖ и Динамо Букурешт, против „светците“ погоди осум пати, додека на гостувањето во Романија имаше девет реализации. Во важниот дуел од 10. коло против Висла Плоцк одигра на ниво и натпреварот го заврши со седум реализации.

Листата на стрелци, моментално, ја предводи членот на ПИК Сегед, Марио Шоштариќ, кој во досегашниот тек од сезоната има постигнато 72 гола. На втората позиција е Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) со 68 гола, додека кружниот напаѓач Камил Шипжак (ПСЖ) се наоѓа зад водечката двојка со 65 гола. Недин Ремили (Веспрем) и Мартин Коста (Спортинг Лисабон) имаат гол повеќе од Кузмановски – 62.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе