По поразите од Чаир и ТФТ, како и елиминацијата во АБА 2 лигата, тимот на МЗТ Скопје реши да направи промени во играчкиот кадар, а Хрватот Марко Баковиќ прв ја плати цената за лошите резултати на актуелниот шампион. Иако пред стартот на оваа сезона, раководството на МЗТ Скопје и Баковиќ ја продолжија соработката, сепак, по развојот на настаните секој реши да си продолжи по својот пат.
Претходна вест