Сентовска, Раткушиноска и Хасани ТОП 3 стрелци во Првата лига

129

Минатиот викенд беа одиграни натпреварите од 3. коло во прволигашката конкуренција кај дамите, а по три одиграни кола, лидер на листата на стрелци е членката на Овче Поле Славјански Универзитет, Анастасија Сентовска, која минатата сезона беше најдобар стрелец со 197 погодоци.

Сентовска на два натпревари постигна 22 погодоци, а зад неа се Маја Раткушиноска од Стружанка со 17 и Алтина Хасани од Јехона со 16 погодоци, исто така постигнати на два одиграни натпревари.

Дебитантот во Првата лига, Струга, има три свои ракометарки меѓу најдобрите стрелци. Елена Ѓонеска и Матеа Димитроска на три натпревари постигнаа по 15 погодоци, додека Леја Пејоска засега е на 14.

Во новата натпреварувачка сезона во Првата лига има седум екипи, па така во секое коло една од нив е слободна.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе