Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во Битола триумфираа над вечниот ривал Вардар со 35:33 во натпревар од 15. коло од Супер лигата.
Во Скопје пак, свое соочување имаа кошаркарите на Пелистер и Вардар, а на победа се радуваа битолчани, беа убедливи против домаќините со 31 разлика, 90:56.
Најефикасен во победничкиот состав беше Виктор Ташовски со 19 поени, додека кај Вардар прво име беше Хусеин Бајрам со два поена помалку.