Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии објави како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички. Герасимовски вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички која што е симбол на Центар и Скопје.
,,Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, каде што ќе биде поставена нова фасада и покрив, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза“, потенцира Герасимовски.
Според најавите, новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење. Со реконструкцијата ќе се овозможи враќање на најтрофејниот македонски клуб на европската кошаркарска сцена.



