Тео Симиќ има нов клуб, ќе игра за Кожув

144

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ во вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25 ќе настапува за Кожув. Клубот од Гевгелија за  Симиќ ќе биде втор клуб во земјава, по неколкуте години поминати во странство.

Младиот талент на македонската кошарка во последните два месеци беше дел од ТФТ, но по истекот на договорот двете страни не успеаја да се договорат за нова соработка.

Симиќ на интрнационално ниво настапуваше во младинскиот погон на каталонскиот гигант Барселона, а играше уште за Игокеа и Борац Бања Лука.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе