Екипата на Охрид денеска ги стартуваше подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезон 2024/25.
Тренерот Стевче Алушовски на првиот собир на располагање ги имаше сите ракометари, како и новото засилување, десниот бек Де Соуза Мораис Каио Винициус, кој во првиот дел од сезоната беше дел од Куманово.
Охрид првиот дел од подготовките ќе ги одработи на домашно тло, потоа од 23 до 29 јануари ќе замине за Белград, Србија, каде што ќе учеествува на силениот турнир, „Трофеј Вук Рогановиќ“.
Освен Охрид на овој турнир ќе учествуваат и екипите на Партизан и Панчево од Србија, како и екипата на Нексе од Хрватска. Тимот на Алушовски по турнирот ќе тестира со Металопластика и актуелниот шампион на Србија, Војводина.
Раководството на клубот пред стартот на вториот дел од сезоната договори и пријателска средба со тимот на Куманово.