КК Тим Баскет пет години успешно функционира во работата со младинските категории, а главниот виновник за градењето на една ваква успешна приказна е основачот и тренерот Мартин Петковски, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија.
Овој клуб гравитира во три скопски општини (Аеродром, Кисела Вода и Илинден), а во иднина планира да ја прошири својата база и да биде достапен во секоја општина во македонската престолнина.
„Секако дека планираме да го опфатиме цело Скопје, но плановите е да сме присебни, односно да одиме чекор по чекор, секоја нова одлука е прво многу длабоко промислена, сепак, секоја таква одлука носи поголем предизвик, вели Петковски.“
Целото интервју со Мартин Петковски може да го прочитате на линкот во продолжение.