Голманката Петковска кариерата ја продолжува во Словачка

118

Македонската репрезентативка Драгана Петковска ќе има нов предизвик на интернационално ниво, откако се договори на соработка со словачкиот суперлигаш Јувента Михаловце.

Петковска во првиот дел од оваа сезона беше дел од италијанскиот Салерно, а на ЕП 2024 имаше забележителен настап, па така на своја адреса имаше неколку понуди.

28-годишната  голманка одлучи да ја прифати понудата на Јувента Михаловце и во овој клуб ќе настапува најмалку до летото, 2026 година.

Драгана Петковска е производ на школата на Индира Кастратовиќ, потоа беше дел од првиот и вториот тим на Вардар, додека во странство, освен за Салерно, настапуваше уште за турскиот Андерсен, данските суперлигаши Силкеборг и Сондерјиске, српската Јагодина, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион и грчкиот АЕК.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе