Македонија денеска го започнува настапот на СП – прв ривал е Унгарија

478

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство 2025. Прв ривал на избраниците на Кирил Лазаров е репрезентацијата на Унгарија, која ќе ја има улогата на фаворит против „црвено-жолтите“.

Освен со Унгарија, нашите ракометари во групната фаза ќе играат уште против две репрезентации –  Холандија и дебитантот Гвинеја.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот во „Вараждин Арена“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе