Машката репрезентација на Македонија утре ќе го одигра натпреварот против Гвинеја во рамки од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2025.
Со победа против Гвинеја ќе биде потврдено местото во главната фаза, а капитенот Филип Кузмановски, кој има одлично првенство, изрази благодарност за големата поддршка од страна на навивачите.
,,Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката што дојде во голем број, исто е како да играме во Скопје. За сите нас ова е еден празник. Ја чувствуваме позитивната енергија и атмосфера, многу сме мотивирани кога заедно ќе ја запееме химната. Пример за тоа беше што во првите две кола имавме поквалитетни репрезентации на хартија, но против нив се носевме заедно со нашите навивачи“, изјави Кузмановски.
Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја е на програмата од 18:00 часот.