Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Трет ривал на нашите ракометари е дебитантот Гвинеја и против африканската селекција ќе треба само да го потврдат пласманот во главната фаза на Мундијалот.
Селекторот Кире Лазаров за денешниот натпревар одлучи да направи една измена, нема да го има Марко Митев, додека шанса за настап ќе има Валентин Карасманакиќ.
Битолчанецот токму против Гвинеја ќе го има дебито на едно големо натпреварување.
Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја е на програмата од 18:00 часот.