Мулти Есенс со засилување од Алкалоид

67

Мулти Есенс е еден од учесниците на 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а младиот суперлигаш за големиот предизвик, односно за кам-бекот во Супер лигата, ќе има уште еден нов играч.

По левиот бек Горазд Дамчевски и голманот Лазе Великиќески, нов член на повратникот во Супер лигата е левото крило Давид Трајкоски, кој во минатата сезона настапуваше за Алкалоид.

Прилепчанецот пред две сезони импресионираше со своите партии во Супер лигата, тогаш како член на Прилеп, па си заработи трансфер во Алкалоид, а сега, во потрага по поголема минутажа, ќе игра за вториот тим од Автокоманда.

Трајкоски потекнува од школата на Филип Вардар од Прилеп, а во сезона 2023/24 беше меѓу најдобрите стрелци во младинската лига.

Тимот на Мулти Есенс денеска ќе тестира против Прилеп на првиот ден од турнирот „Миле Нешкоски“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT